Тајра Бенкс: Наоми Кембел ме малтретираше

Познатиот модел Тајра Бенкс откри дека на почетоците на нејзината кариера во модната индустрија била под страшен притисок и тортура што ѝ ја правела Наоми Кембел.

Тајра изјавила дека светскиот модел работела сè само да може да ја избрка од модната сцена. Тајра вели дека не ја сметала Кембел за нејзин ривал и истакнува дека таа правела сè само за да се чувствува непожелна во модната индустрија.

„Тоа не беше ривалство. Многу сум чувствителна на тој збор, затоа што ривалството подразбира еднакви страни. Таа тогаш беше доминантна. Беше супермодел, а јас бев само новата девојка која дојде со авион во Париз и ја проучував модата и списанијата“, изјавила Бенкс.

Манекенката открива дека не ѝ било лесно на почетокот и дека првите денови  во Париз ѝ биле многу болни поради Наоми Кембел.

„Работев голем број ревии, но дома доаѓав во солзи, затоа што Наоми очигледно не сакаше да бидам таму и правеше сè што е во нејзина моќ да ме натера да си заминам“, открива Тајра.

Бенкс не можела да го разбере однесувањето на Кембел.

„Беше грозно и страшно да се работи со Наоми“, вели Бенкс.

Таа вели дека Наоми се плашела да не ѝ го загрози нејзиното место, нешто што не беше случај со другите модели.

„Кога се појавив на сцената бев само закана, затоа што новата ‘црна девојка’ можеше да го заземе нејзиното место, а има само едно слободно“, вели Тајра.

Сепак, во 2013 година Наоми Кембел во едно од своите интервјуа ја пофали својата колешка и истакна дека е горда на неа и дека е една од ретките „обоени девојки“ на кои им дале можност во светот на манекенството.

 

Текстот Тајра Бенкс: Наоми Кембел ме малтретираше е превземен од Reporter.mk.