Оригиналните снимки на спуштање на Apollo 11 на Месечината продадени за 1,8 милиони долари

Американската вселенска агенција NASA го сними слетувањето на Месечината во текот на мисијата Apollo 11, а овие снимки се продадени на аукција за 1,8 милиони долари.

Историската мисија е извршена на 20. јули, 1969. година, кога Баз Алдрин и Нил Армстронг излегле од лунарниот модул на површината на Месечината, а се било снимено со специјално дизајнирана камера за оваа цел. Камерата била поставена над капакот, така што Алдрин можел да ја вклучи и да воспостави конекција, пред Армстронг да се симне низ скалилата.

Камерата подоцна е одвоена и поставена на трипод за да ги сними останатите активности на површината на Месечината. Се што снимала камерата испратени е со помош на антената во опсерваториумот Паркес во Австралија. Потоа е се снимено на голема видеолента, а потоа емитувано во Хјустон, каде е снимено на 2-инчата Quadruplex видеолента на Ampex VR-660B. Потоа е подготвен адекватен формат за ТВ и снимките се испратени низ светот.

Аукциската куќа Sotheby’s прогнозираше дека снимките ќе достигнат цена од 500.000 долари, но се продадени за многу повеќе, односно за 1,8 милиони долари.

 

Текстот Оригиналните снимки на спуштање на Apollo 11 на Месечината продадени за 1,8 милиони долари е превземен од USB.mk.