Во раната фаза на своето постоење, пред 10 милијарди години, Млечниот Пат проголтал галаксија, голема колку една четвртина од својата големина.
Научниците откриле траги од оваа катаклизма преку спроведување на истражувања користејќи го телескопот Гаја. Тие се обиделе точно да ја измерат локацијата и осветленоста на еден милион ѕвезди во рамките на 6500 светлосни години од Сонцето.
Фокусирајќи се на возраста на ѕвездите, научниците го определија времето на судирот. Според нив, тоа се случило пред 10 милијарди години. Спојувањето не е еднократен, туку постепен процес кој има големо влијание врз ѕвездените кластери, објаснуваат експертите. Веројатно остатоците од џуџестата галаксија, која беше наречена Гаја-Енцеладус, на крајот го формираа ореолот на современиот Млечен Пат
Текстот Пронајдени траги од катаклизмата што го променила млечниот пат е превземен од USB.mk.