Дејвид и Викторија Бекам сакаат да купат луксузен пентхаус во Мајами. За недвижнината се подготвени да платат повеќе од 56 милиони долари, пишуваат светските медиуми.
Славната двојка е забележана во градот како разгледува грандиозна зграда висока 65 ката. Во луксузната зграда има спа-центар, фризерски салон, бар и фитнес-сала.
Бекам и Викторија со децата ќе можат да уживаат и во базен што се наоѓа на кровот. Зградата има и приватна писта за хеликоптери, а пентхаусот нуди прекрасен поглед на море и прозорци од подот до плафонот.
Медиумите пишуваат дека светската двојка е решена да се одмори од обврските. Двајцата во изминатите неколку недели заедно со нивните деца се видени низ улиците на Мајами. Семејниот одмор го користат за посета на водениот парк, а Дејвид не пропушта убавите моменти да ги сподели со фановите на социјалните мрежи.
Првиот дом на Викторија и Бекам се наоѓа во Манчестер. Дејвид куќата ја купил на 20-годишна возраст за цена од 180.000 долари. Подоцна ја продал за 20.000 пати поголема цена. Во 1998 година двојката ја промени локацијата и од Манчестер се преселила во Чешир, на северозападниот дел од Англија.
Тука минале четири години, а Викторија била задолжена за внатрешниот ентериер на пентхаусот, кој во 2002 година го продале за повеќе од 740.000 долари.
Истата година, на неколку километри од оддалечено од куќата во Чешир, Бекам купил уште една куќа. Модната дизајнерка и поранешна спајсица во тоа време била трудна со нивното прво дете Ромео.
Пространата куќа се наоѓала на село и поседувала пет спални соби, фитнес-сала и затворен базен, а Бекамови таму престојувале до 2004 година, кога се одлучиле за нов семеен дом.
Куќата ја продале за 2,18 милиони долари. Следната локација била нивниот дом што го користеле до 2015 година. Грандиозната вила во источен Лондон била во сопственост на Бекам и Викторија од 1999 година, а поседувала седум соби и се простирала на 24 хектари земја.
Медиумите ја нарекле Бекингемската палата, поради убавината и пространоста. Од нејзината продажба заработиле 19 милиони долари. Од 2007 до 2018 година фудбалерот и дизајнерката биле сопственици на имот на Беверли Хилс, но подоцна го продале за повеќе од 31 милион долари.
Недвижнината што во 2013 ја купиле во Холанд парк и денес е нивен дом, каде престојуваат во Британија. Луксузната куќа поседува осум спални соби, соблекувална, писта, фитнес-сала, играчница и спа-центар. Се проценува дека недвижнината вреди преку 30 милиони долари.
Текстот (Фото) Бекамови купуваат пентхаус на Мајами за 56 милиони долари е превземен од Reporter.mk.