Банката ќе ѝ земе сè што има, Тори Спелинг e должна 200.000 долари

Актерката Тори Спелинг (46) и нејзиниот сопруг Дин Мекдармот добиле тужба од националната банка за 205.000 долари кои одбиле да ги платат. Поради тоа им се заканува казна затвор.

Актерката е должна да ги предаде своите договори и листа за финансиски средства кои банката и претходно ги барала. Судот бара таквите обврски да се извршат во најкраток можен рок, за да банката може да има увид во расположливите пари, како Тори и нејзиниот сопруг би можеле да ги отплатат долговите.

 

Ова не е првпат медиумите да пишуваат за Тори и нејзината негрижа кон подмирувањето на долговите. Во декември минатата година дадилката на нејзините деца открила дека Тори фрлала кон неа со документите од тужбите за неплатени сметки од кредитните картички.

Текстот Банката ќе ѝ земе сè што има, Тори Спелинг e должна 200.000 долари е превземен од Reporter.mk.