Српската пејачка Лепа Брена пред точно 17 години не сакале да инвестираат во талентот на сега најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, пишуваат српските медиуми.
Таткото на Ѓоковиќ, Срџан, ги замолил Брена и нејзиниот сопруг Бобо, да инвестираат околу 400.000 евра, во тогаш 15 годишниот негов син и голем тогашен талент Новак.
„Барам деловен партнер со кој ќе потпишам професионален договор. Тоа во светот се работи во последните 20 до 30 години. Бараме луѓе кои сега би вложиле пари во Новак, а подоцна кога ќе стане играч и ќе направи резултати, ќе ја добие својата заработка“, кажал Срџан Џоковиќ за време на средбата со Боба Живојиновиќ.
Пензионираниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ (56) и неговата сопруга, пејачката Лепа Брена (58) пред седумнаесет години ја пропуштиле единствената деловна можност, пишуваат српските медиуми.
Брачната двојка тогаш оценила дека таквиот потег би било фрлање на пари. Доколку направеле договор на десет години, двајцата би заработиле милиони. На сметката би имале 36 пати повеќе од вложеното, поточно 18 милиони евра.
„Боба го одби Срџан. Изјави дека Новак е добар тенисер, но пречките биле болното срце и таткото кој бил тежок за соработка. Да вложеле во него би земале 15% од секоја негова награда или спонзорски договор. За десет години би собрале околу 18 милиони евра. Еднаков дел од колачот би му припаднал на секој, кој во тоа време бил подготвен да инвестира“, открива извор близок до семејството на Ѓококвиќ.
Текстот Не му верувале, Брена и Бобо не сакале да инвестираат во Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.