(Видео) Катица е рекет појак од Ѓоковиќ – Сашо Тасевски во тоалет пее за СЈО

Актерот Сашо Тасевски повторно е хит на социјалните мрежи, откако доби инспирација од Катица Јанева и СЈО. Во песната за специјалната јавна обвинителка што ја објави на „Фејсбук“ Тасевски вели дека станала поголем рекет и од Новак Ѓоковиќ. Глумецот освен Јанева, спомува и политичари, новинари и обвинители, а пее на музиката и со дел од стиховите на песната „Наташа од трето три“, која во 1992 година на „Златно славејче“ ја пееше Леонид Ристев.

„Катица од Трето Три л’же, суши, лебати. За мода фризура и кич, место ангел стана бич“, вели Тасевски и откри дека пее седнат во тоалет.

Катица од Трето Три.From toalet somewhere in Skopje

Posted by Sasho Tasevski on Вторник, 23 јули 2019

Текстот (Видео) Катица е рекет појак од Ѓоковиќ – Сашо Тасевски во тоалет пее за СЈО е превземен од Reporter.mk.