Американски рапер осуден за убиство, го издала песната

Американскиот рапер Тајмор Мекинтајар познат како Тај-К (19) е осуден на 55 години затвор за убиство. Музичарот е прогласен за виновен заедно со уште шестмина мажи за убиство на фудбалерот Итан Вокер. Убиството го извршиле во јули 2016 година, пренесува „Гардијан“.

Песната The Race’ што Тајмор ја објавил била клучна во доказниот материјал на обвинителството. Обвинителите го пуштиле спотот за време на судењето и ги потенцирале стиховите од песната пред судот.

Групата злосторници планирале да го ограбат фудбалерот Вокер заедно со уште еден дилер. Кога упаднале во неговиот дом, тие го застрелале спортистот, а неговата девојка била сведок на убиството. Адвокатите на Тај тврделе дека тој не го застрелал Волкер, а Тај сведочел дека неговата работа била да пронајде дрога.

Тај бил прогласен за виновен за разбојништво и убиство. Песната The Race се нашла на 44. место на американската топ-листа, а многу истакнати рапери ја ремиксирале. Видеото на „Јутјуб“ било прегледано повеќе од 174 милиони пати, а песната врвот го достигнала во јануари 2018 година.

Тај-К повторно бил уапсен во јуни 2017 година, а обвинет е за две тешки злосторства што ги направил во бегство. Обвинет е за убиство на 23-годишниот Марк Салдивар по нивната расправија во Сан Антонио во Тексас за време на еден грабеж и за претепување на 65-годишниот Овен Пепе во Арлингтон.

 

Текстот Американски рапер осуден за убиство, го издала песната е превземен од Reporter.mk.