Еден од членовите на екипажот во кабината на „боингот 737“ кој се срушил во регионот Микронезија, место во Океанија, во Тихиот океан, ги снимил со мобилен телефон, последните моменти од летот.
Во кадарот може да с евиди само реконструкција од воздухопловната катастрофа. Се гледаат паничните реакции на пилотот додека авионот паѓа. Се гледа и моментот кога се руши во лагуната покрај меѓународниот аеродром „Чук“.
Видеото е снимено со мобилен телефон од инженерот на летот. Ги снима пилотите и алармот кој предупредува дека авионот е преблиску до морето.
„Сеуште сме ниско“, вика еден од пилотите непосредно пред авионот да го погоди морето. Видеото прекинува во моментите кога авионот ќе удри во водата.
Авионот летал од Похнпеј. Ја промашил пистата и се срушил на место каде видливоста била лоша, поради што пилотите морале да се водат само од податоците кои ги добивале од инструментите.
Текстот (Видео) Пилот ги снимил последните моменти од летот е превземен од Reporter.mk.