Експерти за говор на тело откриваат кој и е најомилен син на кралицата

По чекорите и потезите на кралицата Елизабета, можете да заклучите кои од нејзините четири деца, таа најмногу го сака, велат експертите по говор на тело. Тие велат дека досега имаат пристојна количина на информации за фантастичната кралска четворка, принцот Чарлс, принцезата Ана, принцот Ендрју и принцот Едвард.

Велат дека сите ги познаваат како јавни личности, но зад затворени врати, тие остануваат мистерија. Нивниот однос со родителите е сосема нова приказна велат експертите.

„По чекорите на кралциата може да се види кој од нејзините деца таа најмногу го сака“, вели Сузан Константин, експерт за човечко однесување и говор на тело.

И додека љубовта се движи во два правца, кралицата има уникатен однос со секое од своите деца. Некои од нив, сепак се издвојуваат повеќе од останатите.

Кралицата Елизабета најмногу сака да биде во друштво на својот првороден, принцот Чарлс. Можеби затоа што Чарлс е следниот кој ќе седне на престолот. Експертите велат дека е интересно да се набљудува нивниот однос, затоа што е многу забавен и смешен. Секогаш е уживање во моментите кога нема никој во нивната соба, освен нив.

„Очигледно нивната јавна врска е многу поблиска од многу други односи на мајка и син. Дури и кога ќе го бакне, се гледа дека принцот Чарлс го користи моментот за да се поврзе со својата мајка, гледајќи ја директно во неа“, изјавила Константин.

„Ако го допре со раката и притоа не го прекрши протоколот, таа исто така покажува одредено ниво на интимност и емоции, а тое е нешто што не го гледате секој ден. Особено не меѓу припадниците на кралското семејство“, вели Константин.

Единствената ќерка на кралицата, принцезата Ана одела по потешкиот пат, за разлика од нејзините браќа. Барем според тоа што го вели Константин, Ана и кралицата изгледаат и се однесуваат, како да не се роднини.

Оддалеченоста и формалноста меѓу нив во комуникацијата е евидентна, но постои мжност таквата дистанцираност во нивниот однос е последица на почитување на протоколот. Во некои ситуации гледаме две жени кои изгледаат блиско, изјавила Пети Вуд, експерт за говор на тело.

Таа вели дека и кога се држат за раце и бакнуваат, телата на кралицата и принцезата Ана се одвоени.

„Тие се блиски, но не толку блиски“, вели Вуд.

Се разбира тие се смејат заедно, но што е со држењето на принцезата Ана? На фотографиите често се гледа кде адвете очигледно се забавуваат, но Ана често се повлекува пред кралицата. Тука е и мимиката на самата кралица. Нејзините веќи се подигнати, дури и самата насмевка е прилично вештачка.

Дивеењето кое принцот Ендру го гаи кои кралицата Елизабета II е неспоредливо. Тоа може да се види во неговите очи. Тие секогаш се подигнати во насока кон кралицата, што укажува на почитта која ја има кон неа, смета Константин.

Но, кога ќе се погледнат нивните заеднички фотографии, може да се забележи одредени ниво на нервоза која принцот ја чувствува, која дури и се јавува кај кралицата. Повлекувањето и местењето на облеката е знак на непријатност, објаснува Вуд. Таа смета дека кралицата ретко го прави тоа, но во друштво на принцот Ендру, понекогаш не се држи до строгите протоколи. Може да се заклучи дека во нивниот однос, формалноста на двајцата тешко им паѓа.

На прв поглед прилично е очигледно дека принцот Едвард е миленик на кралицата. Кога е во негово друштво, кралицата го тегне својот врат кон него. Се наведнува и има искрена насмевка.

„Нејзиниот говор на тело вришти. Тоа е мое дете“, вели Константин.

„Тоа е добар показател дека постои подеднаква оддалеченост меѓу нив. Исто така може да се почувствува и разлика меѓу Едвард и Ендру. Едвард е повеќе резервиран, додека Ендру од друга страна делува моќно.

Конечна пресуда

Кралскиот однос со своите деца секако не е ист како и со останатите односи на мајките кон нивните деца ширум светот. Меѓу нив постојат одредени бариери и нивниот однос не упатува на нормални семејни односи, затоа што децата мораат да знаат дека мајката ги сака, па дури и ако физичкиот допир изостанува.

 

 

 

Текстот Експерти за говор на тело откриваат кој и е најомилен син на кралицата е превземен од Reporter.mk.