Кравиц и Момоа како браќа, Бонет ги спои поранешниот и сегашен партнер

Светскиот музичар Лени Кравиц ги сруши сите предраси во љубовните односи, пишуваат светските медиуми. Кравиц не само што има добар однос со поранешната сопруга, туку тој одлично се согласува и со нејзиниот нов партнер, актерот Џејсон Момоа.

Да се има добар однос со поранешниот партнер, е нешто со кое малкумина можат да се пофалат пишува Times. Сепак, секое правило си има свој исклучок, а тоа го покажува Кравиц, кој во интервју за весникот, открил дека е во добр однос со поранешната сопруга Лиза Бонет, и нејзиниот дванаесет години помладиот сопруг Џејсон Момоа.

„Ни требаше време за да станеме најдобри пријатели. Нашите семејства се измешани. Го сакам нејзиниот сопруг. Тој ми е како брат. Нашиот однос сега е прекрасен, но ни требаше време да работиме на тоа“, изјавил Кравиц.

Лени и Лиса се разведени од 1993 година. Шест години биле во брак, од кој ја имаат ќерката Зое. Лиса и Момоа се запознале во 2005 година, а се венчаа во 2017 година. Имаат две деца на кои им дале необични имиња. Синот се вика Накоа Волф Манакауапо Намакаеха Момоа, а ќерката се вила Лола Лолани Момоа.

Џејсон Момоа е познат по улогите во „Игра на престолот“ и „Аквамен“. Неодамна актерот реши да се ослободи од брадата по која беше препознатлив во светот.

Во јануари е прогласен за најубав маж на светот, според листата која од 1990 година ја составува филмскиот критичар TC Candler. истата листа се темели на предлози кои доаѓаат од јавноста.

 

Текстот Кравиц и Момоа како браќа, Бонет ги спои поранешниот и сегашен партнер е превземен од Reporter.mk.