(Фото) Рожер Федерер гради вила од 50 милиони долари

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер купил плац на кој ќе гради нов дом за неговото семејство, пренесуваат светските медиуми.

Медиумите пренесуваат дека Федерер пред неколку месеци ја продал неговата куќа која ја имал во Волерау, во Швајцарија, а потоа купил 1,6 хектари земја во гратчињата Раперсвил и Јона, во близина на циришкото езеро.

Целиот проект го чинел Федерер околу 50 милиони евра. Покрај останатите содржини, пред куќата ќе има и тениски терен. Во меѓувреме додека вилата не биде завршена, Федерер со сопругата Мирка Вавринец и четирите деца ќе живеат во викендичка во Херлинерг.

Куќата вредна околу 35 милиони евра се наоѓа исто така во близина на Цирих.  Рожер Федерер по поразот во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ одлучи малку да се одмори од тенисот и да се посвети на приватниот живот.

Текстот (Фото) Рожер Федерер гради вила од 50 милиони долари е превземен од Reporter.mk.