Српските медиуми пишуваат дека фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша има проблем со вратните пршлени и дека лекарите ѝ препорачуваат операција ако не сака да ја прекине кариерата. Според пишувањата, пејачката не смее да крева ништо тешко за да не ги измести пршлените, а лекарите ѝ забраниле дури и да оди во теретана и да се напрега.
„Јелена со месеци има силни главоболки. Прво пиеше аналгетици, но кога конечно отиде на доктор, рентгенските снимки покажаа дека е истрошена рскавицата меѓу двата вратни пршлени, поради што ѝ е итно потребно лечење. Сега сака да се посвети на своето здравје, па ако треба дури и да се оперира“, рекол извор близок до пејачката.
Според изворот, Јелена не смее да крева ништо потешко од 3 килограми, па таа засега се придржува до советите.
Текстот Карлеуша има проблеми со вратот, лекарите ѝ препорачуваат операција е превземен од Reporter.mk.