Почина Руси Тејлор, жената што беше гласот на Мини Маус

Легендата на Дизни, Руси Тејлор, почина на 75 години. Таа повеќе од 30 години го позајмуваше гласот на Мини Маус во сите анимирани филмови на Дизни.

„Мини Маус го загуби својот глас со смртта на Руси Тејлор. Повеќе од 30 години тие беа едно и забавуваа милиони деца, но и возрасни ширум светот. Ова партнерство ја направи Мини глобална икона, а Руси стана легенда на Дизни. Благодарни сме за нејзиниот талент и веселиот дух, среќата и радоста што ни ги носеше секој ден“, стои во официјалното соопштение од студиото.

Освен Мини Маус, Руси беше гласот и на Тортичката Јагода, Пиблс Флинтстоун, а гласот го позајмуваше и на неколку ликови во „Симпсонови“.

 

Текстот Почина Руси Тејлор, жената што беше гласот на Мини Маус е превземен од Reporter.mk.