Денеска на 70 години, почина актерот Гоце Влахов. Роден е на 12 мај 1949 година во Скопје. Македонскиот глумец, кој во својата богата кариера глумеше во дваесетина филмови и серии, публиката најмногу го памети по улогите во „Македонски народни приказни“, но и во „Трст виа Скопје“, „Во светот на бајклите“ и „Тврдокорни“. Влахов глумеше и во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, а последната улога ја одигра во 2010 година, во филмот „Мајки“, исто така на Манчевски.
Колегите на глумецот се простуваат од него на социјалните мрежи, а Магдалена Ризова – Черних, Маја Андонова Илијевски, Ели Клинчаревска, се само дел од оние што порачаа дека Влахов беше голем глумец.
Текстот Почина актерот Гоце Влахов е превземен од Reporter.mk.