Во Балтикот пронајден брод стар пет века (ВИДЕО)

На дното на Балтичкото Море, недалеку од брегот на Шведска, истражувачи пронашле остатоци од брод стар околу 500 години, што се уште е во доста добра состојба.

Како што се наведува, бродот потекнува од крајот на 15. или почетокот на 16 век. Се претпоставува дека јарболите, како и другите делови од пловилото се речиси нечепнати поради ладните и помалку солени балтички води.

Потеклото на бродот сè уште не е точно утврдено. Освен тоа, нема име, оти во тоа време и во овој дел од светот, именувањето бродови не било пракса, па штотуку пронајденото пловило е означено само како – „Непознат брод” (на шведски – „Okänt Skepp“).

Долг е околу 18 метри, речиси колку славната водечка „Санта Марија” на Колумбо, која исто така, е изградена во тоа време.

„Непознатиот брод” е од големо историско значење, оти е постар и посочуван од многу други потонати бродови во Балтикот.

Археологот Пачеко Руиз го опиша бродот како „најстариот брод на Балтикот” и нагласува дека никогаш порано не е откриен брод со јарболи и сидро во тоа подрачје.

Најголемото прашање е – како бродот воопшто завршил на дното, оти нема оштетувања што би можеле да предизвикаат потонување.

Следуваат дополнителни истражувања.

Текстот Во Балтикот пронајден брод стар пет века (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.