Македонскиот актер Гоце Влахов, кој почина денес, шест години боледувал од рак, соопшти неговото семејство. Неговата сопруга и ќерка, со многу тага, преку фејсбук-профилот на глумецот ги повикаа сите што сакаат да му оддадат почит, да дојдат на погребот на 30 јули.
„Почитувани пријатели и фанови на актерот Гоце Влахов, со длабока болка и тага соопштуваме дека Гоце почина денес после храбра шестгодишна борба со рак. За оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел“, напишаа тие.
70-годишниот Влахов глумеше во многу претстави, серии и филмови, а најзапаметен ќе остане по улогите во „Македонски народни приказни“, „Во светот на бајките“ и „Тврдокорни“. Последната улога ја имаше во 2010 година во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски.
Текстот Глумецот Гоце Влахов шест години боледувал од рак е превземен од Reporter.mk.