Компанијата Sumitomo Rubber Industriesсмисли начин на кој автомобилските гуми можат да создаваат електрична енергија.
Клучот е во малиот уред наречен The Energy Harvester, кој се поставува во внатрешноста на гумата. Овој уред го претвора статичкиот електрицитет во искористлива енергија, која инаку се создава со ротирање на тркалото.
Уредот се уште е во фаза на развој, но барем на почетокот би можел да се користи за напојување на помалите уреди како што се сензорите за следење на притисокот во гумите. Дали можностите со тек на време ќе му станат поголеми, останува да се види.
Во внатрешноста на The Energy Harvester има два слоја на гума на кои има електрода, како и филм со позитивен и негативен набој. Кога гумата се деформира во текот на ротирањето, се собира статички електрицитет.
Идејата е одлична, а компанијата Sumitomo Rubber Industries ќе продолжи да работи со помош на Јапонската агенција за наука и технологија за споменатиот уред биде што побрзо во употреба.
Текстот Гумите со помош на нова технологија би можеле да создаваат електрична енергија е превземен од USB.mk.