(Фото) Меган е ѓубре, фановите ѝ замеруваат затоа што ја откачила кралицата за насловната на „Вог“

Војвотката Меган Маркл ќе гостува во уредувањето на септемврискиот број на прочуениот светски магазин „Вог“, кој ќе биде под слоганот Forces of change.

Сопругата на принцот Хари имала задача да избере 15 жени кои сака да ги има за насловната страна на овој магазин. Меѓу избраните личности се најдоа различни жени од светот на политиката, шоубизнисот, но и активистки кои се борат за правата на различноста и се залагаат за подигање на свеста на глобалните климатски промени.

 

Меган се најде на остри критики на јавноста затоа што на оваа листа не е ставена англиската кралица, ни здравствени и просветни работници.

„Апсолутно грозно“, „Испразнето ѓубре“, биле некои од коментарите по повод престојниот број на споменатиот магазин. Пред се и замериле затоа што Меган ја откачила кралицата, пред се поради тоа што и таа припаѓа на кралското семејство.

Челниците на „Вог“ првично сакале војвотката да се појави на насловната меѓу жените кои се инспирација на сите дами во светот. Меган одбила, затоа што како што вели таа тоа биле премногу претенциозно.

Испразнетото 16. место на насловната на Меган, кој е особено поради нејзината интересна приказна. Нејзината идеја била во целата приказна да вклучи и читателки, за да ги поттикне и тие да бидат дел од промената.

Многу критичари го сметаат овој потег на Меган како најрадикално уредување, во стогодишната историја на списанието и како многу ризичен потег, со оглед на тоа дека септемвриското издание се смета за најважно во целата година.

 

 

 

Текстот (Фото) Меган е ѓубре, фановите ѝ замеруваат затоа што ја откачила кралицата за насловната на „Вог“ е превземен од Reporter.mk.