„Нацистите не направиле ништо лошо“, говор на омраза кај Џесика Алба на „Твитер“

„Твитер“ профилот на актерката Џесика Алба бил хакиран откако на него биле забележани неколку навредливи, расистички и сексистички коментари, пишуваат светските медиуми.

„Нацистите не направиле ништо лошо“ и „Слушајте ги жените, постои причина зошто Господ ги направил мажите посилни“, се само дел од објавите полни со говор на омраза кон жените, хомосексуалците и Афроамериканците.

Актерката засега се нема огласено по ваквиот инцидент, а фановите коментираат дека биле изненадени објавите на нејзиниот профил. Некои од нив чекаат објаснување, а други дури и извинување.

Актерката пред нешто повеќе од месец дена беше во посета на Дубровник, на фестивалот New Europe Market.

 

Текстот „Нацистите не направиле ништо лошо“, говор на омраза кај Џесика Алба на „Твитер“ е превземен од Reporter.mk.