Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер почнал да ги гледа трките во најелитното тркачко натпреварување. По незгодата која ја доживеа за време на скијањето на Алпите, неговата здравствена состојба се подобрува. Ова го вели неговиот поранешен шеф и добар пријател од „Ферари“ тимот Жан Тод.
„Секогаш сум внимателен со изјавите за Шумахер. Но, да вистина е. Заедно гледаме трки во неговата куќа во Швајцарија. Шумахер е во најдобри раце и добро се грижат за него“, порачал Тод кој и покрај тешката сотојба во која се наоѓа Шумахер, вели дека Германецот не се предава.
„Шумахер не се предава. И понатаму се бори, како и неговото семејство“, додал Тод, кој вели дека опоравувањето добро напредува.
Поранешниот соработник и шеф на Шумехер, е еден од ретките луѓе кои имаат можност да го посетат некогашниот шампион, по тешката несреќа. Тој откри дека Шумахер веќе никогаш нема да биде ист како порано.
Шумахер се повреди на скијање во 2013 година, а пред една година се разбуди од кома. Тој сега се лекува во неговиот дом, но фановите имаат многу малку информации за неговото здравје.
Затоа, беа изненадени кога Тод, еден од најдобрите пријатели на возачот и еден од малкумината што го посетуваат, за „Радио Монте Карло“ откри дека Михаел најмногу со бори со поддршката на своето семејство.
Инаку, за Шумахер е снимен и документарен филм кој треба да се промовира во ноември. Јавноста се надева дека во филмот ќе се откријат повеќе детали од неговата здравствена состојба.
Нашето пријателство веќе нема да е исто – Жан Тод прозборе за состојбата на Шумахер
Текстот Шумахер почнал да ги гледа трките во Формула 1 е превземен од Reporter.mk.