Судот во Лос Анџелес пресуди дека хитот на пејачката Кети Пери од 2013 година, Dark horse, е копија на песна на раперот Маркус Греј, познат како Флејм, од 2009 година. Греј пред пет години со неговите двајца коавтори ја поднесе првата тужба против Пери, тврдејќи дека Dark horse е украдена од песната Joyful Noise, што тој ја објавил под уметничкото име Флејм. Поротата сега треба да одлучи колкава казна ќе треба да плати Кети Пери за авторските права.
Адвокатите на Греј рекле дека ритамот и инструментите во речиси половина од песната Dark Horse се забележливо слични како оние во песната Joyful Noise. Адвокатите на Пери, пак, тврделе дека деловите од песната за кои се расправа претставуваат еден вид едноставни музички елементи, кои, ако потпаднеле под авторски права, би ѝ наштетиле на музиката и на оние што ја создаваат.
Пери и коавторите на песната пред судот изјавиле дека никогаш не ја слушнале песната Joyful Noise, а дека не слушнале ниту за Греј, но и дека не слушале религиозна музика.
Според адвокатите на Греј, Joyful Noise била многу пати пуштана на радио и на телевизиите, а дека Пери и нејзините коавтори можеле да ја слушнат. Тие приложиле доказ дека песната била прегледена неколку милиони пати на „Јутјуб“ и „Спотифај“ и дека албумот на кој се наоѓа таа бил номиниран за „Греми“.
Dark Horse четири недели беше на врвот на „Билборд хот 100-листата“ на почетокот на 2014 година, а за неа Пери доби номинација за „Греми“.
Текстот Судот пресуди дека хитот на Кети Пери, Dark horse, е плагијат е превземен од Reporter.mk.