Која од  „Дисциплина кичме“ доживеа мозочен удар и е во кома

Бас-гитаристот, пејач, композитор и лидер на рок-бендот, „Дисциплина кичме“, Душан Коиќ -Која (56), доживеа мозочен удар и се наоѓа во болница во вештачка кома. Како што јавуваат српските медиуми, Која заминал во Англија во посета на својата сестра кога доживеал мозочен удар и набргу потоа е хоспитализиран во една од тамошните болници.

Коиќ е активен на музичката сцена веќе четири децении, а во 1980 година беше член на групата „Шарло акробати“ заедно со Милан Младеновиќ од ЕКВ. Оваа група, иако кратко постоеше на југословенската рок-сцена, се прослави како основоположник на т.н. нов бран. По распадотот на бендот, Коиќ го основа бендот „Дисциплина кичме“ за кој напиша голем број хитови.

Текстот Која од  „Дисциплина кичме“ доживеа мозочен удар и е во кома е превземен од Reporter.mk.