Фолк-пејачката Анета Молика се пофали дека го ожениле Јовица Наумчевски, музичарот од бендот „Молика“. Таа на „Инстаграм“ сподели неколку фотографии од свадбената веселба.
Прво објави фотографија со младоженецот , па напиша со „Со зетот“, а потоа и неколку слики со невестата.
На веселбата беше и нејзината ќерка Моника, за која многумина велат дека личи на мајка си. Освен како гостинка, Анета запеа на свадбата на нивниот колега од бендот .
Текстот (Фото) Анета и „Молика“ добија снаа е превземен од Reporter.mk.