Холивудскиот глумец Дани Трехо (75), најпознат по улогата во филмот „Мачета“, помогна да се спаси дете заробено во автомобил што се преврте вчера при сообраќајна несреќа во Лос Анџелес. Дани за медиумите рекол дека тргнал кон својот механичар, кој се наоѓал во северниот дел на Лос Анџелес, кога го видел возачот како со голема брзина поминува на црвено светло и удира во друг автомобил што се превртел на покривот.
Во превртениот автомобил се наоѓале баба и младо момче. Трехо и уште една жена, Моника Џексон, се обиделе веднаш да го извлечат детето од речиси уништениот автомобил. Момчето седело на задното седиште и, според Си-ен-ен, единствената работа што го спасила е тоа што бил врзан на детското седиште. Моника успеала да влезе во автомобилот за да го ослободи момчето, а актерот го извлекол од другата страна. Тој вели дека детето било испаничено и исплашено, па морал да го смири пред да го извлече.
Три други лица вклучени во несреќата биле пренесени во болницата, но никој не бил сериозно повреден.
Текстот (Видео) Глумецот Дани Трехо спаси дете од превртена кола е превземен од Reporter.mk.