Стотина фосили од праисконско морско чудовиште биле пронајдени во Канада. Тоа открие на научниците им пружа многу информации за важен предатор од клучниот период на еволуцијата на животот на Земјата.
Научниците во вторникот соопштиле дека тоа суштество, со канџи налик на грабливец и глава која изгледа како познатиот измислен вселенски брод, наречено “Kambroraster falkatus”, било далечен роднина на денешните членконоги, како пајаците и раковите и живеело во текот на камбрискиот период, пред околу 506 милиони години, кога сите живи суштества живееле во океаните.
Fossil Of Creature, With Head Like "Star Wars" Spaceship, Found In Canada https://t.co/lcLvsk07sb
— NDTV News feed (@ndtvfeed) July 31, 2019
Експертите наведуваат дека, во споредба со другите животни од тој период, Камброрастерот бил “џин” од 30 центиметри.
Со огромна глава, мало тело и очи насочени нагоре, Камброрастерот на прв поглед потсетува на краба, иако во суштина тоа се сосема различни животни, смета Џо Мојсиук од Кралскиот музеј Онтарио и Универзитетот во Торонто.
Тој мисли дека Камброрастерот, како краба, живеел во близина на морското дно, хранејќи се со огранизми од калта.
New Cambrian Era 'spaceship' arthropod fossil found in Canada's Burgess Shale. Horseshoe crab-like predator… (Sci) https://t.co/AyKHk0M7Fv (Smithsonian) https://t.co/2ogGa0iHr5
— Steven Ashley (@steveashleyplus) July 31, 2019
Извор: B92.net
Текстот Откриени фосили од животни од клучниот период на еволуцијата на животот на Земјата е превземен од USB.mk.