Јужнокорејскиот производител Hyundai престави автомобил со соларни панели на покривот.
Hyundai Sonata на тој начин ќе може да патува дури 1.300 километри повеќе на годишно ниво ако нејзиниот покрив е изложен на сонце шест часа на ден.
Како и кај другите хибридни возила, тие се надополнуваат со регенеративно сопирање, но добиваат дополнителна енергија и од фотонапонските соларни ќелии.
Иако дополнителните 1.300 километри без плаќање на гориво или електрична енергија се чини прилично примамливо, лошо е што инсталирањето на соларните панели на покривот не е ниту едноставно, ниту ефтино, па затоа ќе смета како посебна дополнителна галантерија.
Ако на ова се додаде зголемувањето на тежината на автомобилот поради овие панели, што директно значи и зголемување на потрошувачката, тие 1.300 километри или околу два резервоари гориво на годишно ниво, во моментот не се толку значајни.
Со оглед на тоа што Hyundai не ја објави цената по која сончевиот автомобил ќе биде достапен на пазарот, се поставува прашањето колку е економичен.
Се разбира, сето тоа зависи од локацијата каде ќе се вози, пред сè и најважно, приоритет ќе имаат клиенти од земји кои имаат повеќе сончеви денови.
Хибрината Sonata, првично Hyundai ќе ја лансира во Јужна Кореја и на омилениот американски пазар.
Текстот Hyundai се полни на сонце! е превземен од USB.mk.