Санчез и Ганачи го откажаа настапот на „Охрид колинг“, нашле друга тезга

Салваторе Ганачи Роџер Санчез го откажаа настапот на „Охрид колинг“, велат од Авалон продукција.И додаваат дека ова е втор пат да откажат веќе договорен наста Од продукцијата на социјалната мрежа Фејсбук, го изразија нивното разочарување за како што велат “некоректноста и аматеризам на диџеите”.

Оттаму велат дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто и дека македонската публика веќе еднаш претходно била изневерена.

„Само 24 часа пред неговиот настап во Охрид, агентот на Jax Jones не’ извести декa добил насоки од менаџментот на Jax Jones дека нема да дојде во Охрид, иако имавме валиден потпишан договор кој е во целост финансиски исполнет кон него! Причината за тоа досега непозната во нашата долгогодишна работа. Според нив, Македонија е секундарен маркет и тие си го задржуваат правото да го откажат настапот затоа што добиле одредена понуда за маркет кој за нив е примарен. На сите наши апели дека вакво нешто е непоимливо во музичката индустрија, добивме само извинување од агентот дека тој не може ништо да направи за да ја смени одлуката на менаџментот на Јаx Jones“, пишува во соопштението на Авалон објавено на Фејсбук.

Оттаму велат дека сите прашања во врска со недоаѓањето на Jax Jones треба да му се постават на него и неговиот менаџмент.

Од „Авалон“ дополнуваат дека на неговиот веб сајт сеуште стои дека ќе настапи пред македонската публика. Од продукцијата велат дека добиле информација за неговото отсуство, а причината е друга понуда да настапи на радиско шоу во Ибица. Терминот се погодил да биде ист настапот во Охрид.

Од „Авалон“ велат дека сите кои блок картите ги зaмениле со нараквици, истите ќе им важат за вечерва, како и за саботниот настап на Armin Van Buuren.

Текстот Санчез и Ганачи го откажаа настапот на „Охрид колинг“, нашле друга тезга е превземен од Reporter.mk.