Комшиите на Шабан загрижени за неговото здравје

Комшиите на српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ тврдат дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Шабан Шаулиќ со сопругата Гоца пред неколку години изградил вила на Дедиње, во која го минува најголемиот дел од времето.

„Не го имам видено долго време затоа што беше болен. Кога ќе го сретнам разговараме со часови. И тој и неговата сопруга се одлични комшии. Прекрасни, луѓе од народот, што би се рекло селски. Можат да застанат и да разговараат со секого“, вели комшиката на Шабан, Јелисавета.

„Болеста на Шабан не е безопасна како што пишува во медиумите. Пејачот има проблем со вените. Во прашање е срцевата аорта и неговото семејство стравува дека наскоро ќе заврши на операциона маса. Гоца е таа која што го држи семејството заедно и се бори како лавица. Да не е таа не би ја имале оваа прекрасна вила на Дедиње, но гледа дека овој пат и таа е загрижена“, вели друга комшивка.

Комшијата Новак, ретко се среќава со Шабан. Вели дека фолк пејачот обично доаѓа тука само кога времето е убаво.

„Слушнав дека таму има голема куќа и дека често оди поради риболов. Тој е супер комшија, изјавил пензионираниот лекар Новак.

А дека Шаулиќ живее кралски, доказ е и послугата која ги услужува. Тоа го открива комшивката Сања.

„Речиси и да не се гледаме откако се доселија, затоа што нивно е да уживаат, а послугата да работи. Мислам дека имаат жена која живее со нив, а која е домашна помошничка. Таа сите работи ги извршува за нив, дури оди и во продавница за нив“, вели Сања.

 

Текстот Комшиите на Шабан загрижени за неговото здравје е превземен од Reporter.mk.