Магазинот „Форбс“ и оваа година состави листа на најплатени диџеи на светот. Електронската музика во последните години е на врвот на популарноста, а додека многумина говорат дека диџеите не се музичари, туку само стискачи на копчиња, тие сепак се оние кои ги полнат стадионите и фестивалите ширум светот. Нивната заработка се мери во милиони, но на врвот има место само за еден.
„Форбс“ направи список од 15 најплатени диџеи на светот, а разликата меѓу 15-от на листата и најплатениот е неверојатни 38 милиони долари.
На врвот на листата е Калвин Харис.
Калвин Харис е на првото место веќе шест години по ред, со заработка од 48 милиони долари, а по настап во Лас Вегас, заработува шестцифрени суми, додека како водечко име на фестивалите од Јапонија до Балканот, бара седумцифрени суми. Веднаш зад него се Chainsmokers со заработка од 45,5 милиони долари. Дуото со сингловите Closer и Something Just Like This има настапено над 100 пати во изминатиот период, пренесува Форбс.
Листата од 15 најплатени диџеи изгледа вака:
15. Афроџек – 10 милиони долари
14. Димитри Вегас и Лајк Мајк – 10,5 милиони долари
13. Диџеј Снејк – 11 милиони долари
12. Киго – 11,5 милиони долари
11. Аксвел и Ингросо – 12 милиони долари
10. Мартин Гарикс – 13 милиони долари
9. Каскаде – 13,5 милиони долари
8. Давид Гуета – 15 милиони долари
7. Дипло – 20 милиони долари
6. Зед – 22 milijuna dolara
5. Маршмело – 23 милиони долари
4. Стив Аоки – 28 милиони долари
3. Тиесто – 33 милиони долари
2. The Chainsmokers – 45,5 милиони долари
1. Калвин Харис – 48 милиони долари
Текстот Келвин Харис е најплатениот диџеј во светот е превземен од Reporter.mk.