Шенон Доерти: По борбата со ракот сѐ уште не можам да го прифатам сопственото тело

Холивудската глумица Шенон Доерти, која во март 2015 година дозна дека има рак на дојка, за магазинот „Пипл“ првпат отворено прозборе за најлошите моменти во животот. 48-годишната ѕвезда на серијата „Беверли Хилс“ призна дека имало моменти кога мислела дека нема да преживее и дека нејзиното тело полека откажува. Популарната Бренда Волш вели дека и една година откако ја победила болеста, таа не може да го прифати сопственото тело.

„Кога ќе завршиш со хемотерапија или радијација, луѓето мислат дека си добро и дека ќе се вратиш како порано. Но не сфаќаат дека твоето тело поминало низ нешто неверојатно тешко и никогаш нема целосно да се врати на старо. Јас и сега не можам целосно да се прифатам себеси“, раскажала глумицата во интервјуто.

Таа вели дека била на средината на хемотерапија кога ослабела до 41 килограм. Почнала да ја губи и косата, па во 2016 година ја избричи главата.

„Не можев да задржам ништо во телото и знаев дека целото мое тело откажува. Мајка ми ме однесе на доктор и тие буквално ме кренаа на раце од автомобилот и ме ставија во инвалидска количка. Со часови примав инфузија, зашто бев премногу дехидрирана. Лекарите беа загрижени дека органите ќе почнат да ми откажуваат. Потоа, кога ја избричив главата, тоа беше моментот на прифаќање – дека животот ми е во опасност и дека не сум непобедлива, дека нешто може да ме убие и дека всушност имам рак,“ вели таа.

Шенон додала и дека поради ракот, нејзиниот брак со Курт Исвариенко станал многу постабилен и нивните односи значително се подобриле.

„Не е дека нашиот брак не беше добар и претходно, но откако дојде ракот, по расправија не дозволуваме да ја поминеме ноќта лути еден на друг. Последниот пат сме имале голема кавга пред ракот. Тука е и почитувањето. За Курт чувствувам дека има длабока восхит кон мене поради начинот на кој се справив со болеста,“ рекла холивудската ѕвезда.

Доерти моментално го промовира продолжението на „Беверли Хилс 90210“ заедно со сите глумци од оригиналната серија. Таа неодамна изјави дека прифатила да глуми во новата серија по смртта на нејзиниот пријател и колега Лук Пери почина од мозочен удар.

Текстот Шенон Доерти: По борбата со ракот сѐ уште не можам да го прифатам сопственото тело е превземен од Reporter.mk.