Фолк-пејачката Ана Бекута, која следниот месец ќе наполни 60 години, реши да ги смени животните навики. Таа ослабе 15 килограми последнава година, а за српски „Курир“ ја откри тајната на добриот изглед.
„Правам кардио-тренинзи двапати во денот заедно со својот сопруг, кога имам време. Еден навечер и еден наутро. Допрва планирам сериозно да ослабам. Утринскиот тренинг е поефикасен затоа што тогаш директно се топат мастите и нема шеќери во организмот. Напорна ми е работата, станувам во 7 и затоа понекогаш не можам да стасам на утринскиот тренинг. Полека одам накај својата цел и се враќам на старите килограми. Користам здрави намирници кои не му штетат на организмот. Ми се смени и квалитетот на кожата“, открива Бекута. Таа додава дека на домашните им се допаѓа нејзиниот режим на исхрана.
Текстот Ана Бекута ослабе, на 60 години вежба двапати дневно е превземен од Reporter.mk.