Американскиот метал бенд „Металика“ донираше 250 илјади евра на романска асоцијација што ја гради првата болница за детска онкологија во земјата. Донацијата за фондацијата „Подари живот“, основана во 2012 година, дојде пред завчерашниот распродаден концерт на групата. Ова е нивни четврти во земјата од 1999 година. Парите беа префрлени преку непрофитната фондација на „Металика“, „Сите заедно во моите раце“.
Изградбата на болницата почна на средината на 2018 година во Букурешт, и е една од неколкуте болници што почнаа да се градат во Романија во изминатите три децении. Се очекува да биде готова догодина. За оваа болница досега донации дадоа 260 илјади лица и преку 2 илјади компании.
Романија е една од земјите на Европската Унија со најмалку развиена инфраструктура, слаба администрација, а има и корупција и бирократија и покрај годините со силен економски раст и добиените милијарди евра од европските фондови. Актуелната влада неколку пати ги одложува плановите за изградба на три регионални болници за кои ЕУ веќе одвои пари.
Текстот „Металика“ донира 250.000 долари за деца болни од рак е превземен од Reporter.mk.