На журката на познатиот диџеј Армин Ван Бурен се очекуваат 15 000 посетители, што би било рекорд до сега, велат од „Авалон продукција“, кои се организатори на „Охрид колинг“.
„Задоволство ни е да ве информираме дека овогодишното издание на ‘Охрид колинг’ досега е најуспешно фестивалско издание на сите времиња во Mакедонија.
На првиот ден на навистина грандиозното шоу на DIMITRI VEGAS & LIKE MIKE присуствуваа повеќе од 10 000 посетители, а според досегашната продажба на резервации и слично, очекуваме в сабота, на завршниот настап на фестивалот на кралот на електронската музика Армин Ван Бурен да присуствуваат повеќе од 15 000 посетители, што е цифра која досега сме ја имале единствено на Лени Кравиц и на Дејвид Гета, валат од „Авалон“
Текстот За журката на Армин Ван Бурен се очекуваат 15 000 посетители е превземен од Reporter.mk.