(Фото) Страсен бакнеж за Кејти Холмс и Џејми Фокс

Кејти Холмс и Џејми Фокс беа сликани како страсно се бакнуваат на плажата. И двајцата потврдија дека гласините за нивната разделба се неодржливи, пишува US Weekly.

Љубовниците беа фатени како го поминуваат своето време заедно на плажа. Кејти и Џејми дури и не ги криеја своите чувства пред луѓето, што не е сосема својствено за нив, бидејќи и двајцата долго криеја дека се заедно. Се верува дека ова е поради разводот на Кејти со Том Круз, според кој таа не треба да има врска најмалку пет години по нивниот развод.

 

Првата заедничка фотографија на Џејми Фокс и Кејти Холмс се појави во септември минатата година. Гласините дека двајцата се двојка кружат преку четири години. Во јануари, љубовниците се појавија заедно на забавата на Греми наградите.

Од нејзиниот брак со Том Круз, актерката има ќерка Сури.

Текстот (Фото) Страсен бакнеж за Кејти Холмс и Џејми Фокс е превземен од Reporter.mk.