Почина братот на познатата фолк пејака Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш. Таа пред две недели го изгуби својот брат Петар (43), кој со семејството живееше во Шведска, пишува 7дена.мк. Нејзиното семејство стравот од загуба на Петар го живее веќе година и пол, од моментот кога му е дијагностицирана акутна леукемија. И последниот телефонски повик да замине во Шведска за да се видат, знаела дека е за последен пат.
„Се уште не сакам да се помирам со фактот дека го нема. Се лекуваше во Шведска и знаеше да побара период да биде сам. Такво чувство имам. Таква е и болеста. Но, во моментот утеха нема. Се радувам на моето внуче кое има шест години и кое многу личи на него. И години да поминат утеха нема. Ова го знаат сите кои изгубиле блиски. Јас пред десет години ја изгубив мајка ми, исто така почина од рак. Тешко ја прифатив и нејзината смрт и се уште ми недостасува. А сега и ова се случи. На тагата и нема крај„, изјавила Андријана Кеш.
Текстот Почина братот на фолк пејачката Адријана Кеш е превземен од Reporter.mk.