Српската пејачка Марија Шерифовиќ, вчеравечер одржа концерт за паметење во Охрид, на Стадионот „Билјанини извори“. Публиката во еден глас со неа ги пееше сите песни со кој таа реши вчера да се престави пред фановите. Концертот го започна со нејзината „Паметна и луда“, а потоа се редеа нејзините хитови, но пејачката реши за фановите да отпее и по нешто од „Бјело Дугме“, Мерлин, ја отепа и безвремнската „Ѓурдовден„.
Во еден момент, таа го прекина настапот, оти и паднал шеќерот. Па зема малку од слатките „орео“ и повторно продолжи да пее. „Дали ви е ладно, мене да“, и рече Шерифовиќ на публиката за време на концертот. И овој пат, како неодамна во Скопје, српската пејачка ги оправда очекувањта и направи концерт за памење.
Текстот На Шерифовиќ и падна шеќерот, го прекина концертот е превземен од Reporter.mk.