Австралија користи дронови за воочување крокодили блиску до пливачите

Австралиските власти почнаа да користат дронови за полесно да ги воочуваат крокодилите кои се појавуваат во близина на капачите, известува BBC.

Дроновите се користат во Квинсленд во Австралија, а се развиени со заеднички сили на Little Riper Group и Универзитетот за технологија во Сиднеј. Овие дронови, благодарение на AR технологијата можат да откријат до 16 видови различни видови водени животни, вклучувајќи ги и ајкулите, а системот е прецизен до 93 проценти.

Дроновите се опремени со сирени, звучници и пловечки средства и можат да ги предупредат пливачите и да им пружат помош во случај на опасност.

“Ова е одличен начин на употреба на дроновите, ни помага да ја зголемиме сигурноста на јавноста и е многу корисен”, истакна професорот Serge Wich.

Текстот Австралија користи дронови за воочување крокодили блиску до пливачите е превземен од USB.mk.