(Фото) Бремена Кира Најтли на пазар, поинаква од славната актерка на црвениот тепих

Британската глумица Кира Најтли (34) папараците ја сликале во Лондон додека купувала овошје, во опуштено издание и без шминка. Oблечена во здолниште, тексас јакна и рамни обувки, воопшто не наликува на славната ѕвезда.  Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ е бремена по  втор пат. Таа е во брак со музичарот Џејмс Рајтон, со кого се ванчаа во 2013 година, а пред две години ја добија ќерката Ида. Искуството на Кира со првото породување било трауматично и за тоа отворено зборувала во нејзиниот есеј кој се занимавал со притисокот на жените да изгледаат совршено по породувањето.

 

Текстот (Фото) Бремена Кира Најтли на пазар, поинаква од славната актерка на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.