Русија го испрати роботот Фјодор, кој е налик на човек, на Меѓународната вселенска станица. Тој е дел од тестирањето за новата ракета што треба да ја замени постојната. Пред да замине Фјодор рекол: „Одиме! Одиме!“ повторувајќи ја познатата фраза на Јуриј Гагарин. По пристигнувањето во орбитата, роботот напишал твит.
„Тестовите одат според планот“, напишал во твитер-објавата.
Капсулата „Сојуз“, која обично превезува астронаути, полетал со новата ракета „Сојуз 2.1а“, која претходно се користеше исклучиво за летови без екипаж, пренесува АП. Оттаму додаваат дека роботот бил сместен во главното седиште на капсулата, а дека во десната рака држел руско знаме.
Текстот Русите испратија робот што напиша твит од вселената е превземен од Reporter.mk.