(Фото) Анџелина Џоли го испрати синот да студира во Јужна Кореја

Холивудската актерка Анџелина Џоли го запиша својот најстар син Медокс на Универзитет во Јужна Кореја. Џоли го запиша Медокс на „Јеноси“ факултетот во Сеул на Универзитетот во Јужна Кореја.

Светските медиуми пишуваат дека Анџелина додека го испраќала синот ја понеле емоциите и заплакала. Актерката е сликана во холот на факултетот додека разговара со еден колега на нејзиниот син.

Медокс кој е роден во Кембоџа е најстарото дете на Анџелина Џоли и Бред Пит. Иако сега стана студент, тој пред две години беше извршен продуцент на филмот на Анџелина, First They Killed my Father, а за соработката со мајка му само прокоментирал дека таа е вистинско чудо.

Медокс има и дозвола за пилотирање. Анџелина вели дека уште од најраната возраст на нејзините деца, таа се обидувала да ги насочи кон повеќе различни активности.

Познато е дека нејзините деца своето школување го практикуваат во домашни услови, а Анџелина инсистира што повеќе да учат странски јазици и да тренираат повеќе спортови.

Анџелина сакала децата да и бидат образовани и секој долар го инвестира во нивното образование, вели извор близок до актерката.

Ваквиот начин на образование го одобрува и Бред Пит, иако тој не се согласува со одлуката на Џоли, децата да се појавуваат на црвениот тепих.

Пит и Џоли покрај Медокс, старателството го делат и со ќерките Захара, Шајло, Вивиен и синовите Нокс и Пакс кој работел исто така работел на филмовите со неговата мајка, како уредник на фотографии.

 

 

Текстот (Фото) Анџелина Џоли го испрати синот да студира во Јужна Кореја е превземен од Reporter.mk.