(Галерија) Мајкл и Кетрин ги собраа четири генерации од семејството Даглас на ручек

Холивудската двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас организираа семејна прослава на која се собраа сите членови многубројното семејство.

На семејниот ручек се собраа неколку генерации, а распонот на години меѓу најмладиот и најстариот член бил од 20 месеци до 102 години. Четири генерации од семејството се собраа во Калифорнија, а собирот присуствувал и Кирк Даглас.

Веста за семејниот ручек стана вирална благодарение на Келси Даглас, 24 годишната постара ќерка на Мајкл, која објави две фотографии од прославата.

На фотографиите ги има Кетрин, Мајкл и нивните деца Дилан и Карс. Најмладиот член на семејството бил бебето Лука кое е старо само 20 месеци. Лука е ќерка на синот на Мајкл од претходниот брак со Камерон Даглас.

Фановите на социјалните мрежи ги пофалија Мајкл и Кетрин што ја негуваат семејната традиција и што имаат време да се соберат заедно.

 

Текстот (Галерија) Мајкл и Кетрин ги собраа четири генерации од семејството Даглас на ручек е превземен од Reporter.mk.