(Видео) Борис Џонсон со нозете на маса на состанокот со Макрон

Британскиот премиер Борис Џонсон бил снимен од фотографите со нозете на маса за време на состанокот во резиденцијата кај францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.

Додека разговарале двајцата, Џонсон за момент ја подигна десната нога на малечката маса во резиденцијата на Макрон. Ова е прва посета на Џонсон во странство, како премиер на Велика Британија.

Преку социјалните мрежи голем број луѓе го осудија потегот на Џонсон, сметајќи дека премногу се опуштил на ваква официјална посета и дека со неговото однесување ги посрамотил британските граѓани.

Џонсон со нозете на маса почнал да ги поздравува фотографите во собата, а Макрон додека го гледал, делувал како да се забавувал, пишуваат светските агенции.

Двајцата лидери разговарале за состојбата со брегзит. Светската агенција „Ројтерс“ пренесува дека на состанокот Макрон го предупредил Џонсон дека нема доволно време во целост да се измени договорот за Брегзит, пред 31. октомври, кога истекува рокот за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Од Елисејската палата соопштиле дека разговорите биле конструктивни и темелни.

Текстот (Видео) Борис Џонсон со нозете на маса на состанокот со Макрон е превземен од Reporter.mk.