Камен на Марс именуван според „Ролингстоунси

Мал камен на Марс го доби името по легендарниот рок-бенд „Ролинг стоунс“.

НАСА го именува „Каменот на Ролинг Стоунс“, откако роботската вселенска сонда „Инсајт“ го снимила како се тркала на површината на Марс.

Веста прв ја објави американскиот актер Роберт Дауни Џуниор, кој се искачил на сцената на стадионот „Роуз Бул“ во Пасадена, Калифорнија, само неколку моменти пред да излезат „Стоунси“.

Тогаш, Мик Џегер го искористил моментот помеѓу неколку песни за да ѝ рече на публиката дека НАСА им дала на „Стоунси“ нешто за што отсекогаш сонувале, „наша сопствена карпа на Марс“.

„Не можам да верувам“, рече Џегер и додаде дека сака да може да ја донесе таа карпа и да ја стави на камин.

Текстот Камен на Марс именуван според „Ролингстоунси е превземен од USB.mk.