Емили Ратајковски е бремена

Познатата манекенка, Емили Ратајковски, ги изненади фановите со последната слика на „Инстаграм“ – таа објави фотографија со сопругот Себастијан Бер-Меклард и напиша „мама и тато“. Заради коментарот на сликата фановите ја прашаа дали е бремена, а светските медиуми напишаа дека познатиот модел наскоро ќе стане мајка. Ни Ратајковски, ни нејзиниот маж не дадоа никаков коментар за наводната бременост.

View this post on Instagram

Mom and Dad

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Инаку, Емили и Себастијан се венчаа по само три месеци врска, лани во февруари. Таа тогаш изјави дека веднаш знаела дека тој е вистинскиот маж за неа.

„Жените секогаш знаат кој е вистинскиот. Знаев дека не треба да се дружам со Себастијан насамо додека бевме во врска, бидејќи знаев дека тој е тој. И следното што се случи беше свадбата“ рекла Емили во интервјуто.

Текстот Емили Ратајковски е бремена е превземен од Reporter.mk.