Осумдесет и едногодишната Гркинка, Анастасија Геролиматоу, влезе во Гинесовата книга за рекорди, откако едрејќи без престан, поминала 18 наутички милји на даска за сурфање.
Анастасија вели дека на ова чекала 40 години. Сурфала од островот Кефалонија до Пелопонез, а во водите минала повеќе од шест часа. Анастасија е единствената 81 годишна старица која успеала да изведе вакво нешто.
Таа вели дека секое утро кога ќе стане прво што прави е да се информира за тоа какво ќе биде времето во текот на денот.
„Прво што гледам е какво ќе биде времето денес. Пловев во морињата во Грција, но и во странство. Но, ова беше прв пат да едрам сама“, вели Анастасија.
„Пространството на морето е прекрасно. Има толкава магија, што не можам да ја опишам. Грчкото море е поинакво од другите. Не може да се видат никакви знаци. Тоа е прекрасно море“, вели Анастасија.
Анастасија, освен што ужива во морето, вели дека знае да пече леб, бере маслинки, одржава контакти со роднините за кои живеат далеку од неа.
„Што да правам. Морето секогаш ми е на ум. Тоа е единственото место каде можам да бидам своја“, вели старицата.
На крајот на својата неверојатна авантуа, таа им порача на другите дека годините за некои работи знаат да бидат само бројка.
„Ако имате цел во која верувате и ако сте подготвени да тренирате секој ден, годините не смеат да ви бидат пречка“, вели Анастасија.
Текстот (Видео) Гркинка влезе во Гинис по шест часа сруфање на даска е превземен од Reporter.mk.