Сонце, лето и можеби осамена плажа на море – одличен провод, се сложувате нели?
Со либидото сѐ е во најдобар ред, вклучувајќи ги витаминот Д и серотинот, кој допринесува за појава на желбата. Генерално, работите се многу едноставни: летото е идеално за експериментирање во сексуалните односи.
Имаме неколку предлози кои ќе ви помогнат на летниот секс да се сеќавате долго, долго потоа…
1. Вклучете ја фантазијата
Замислете да имате секс на луксузна јахта на сред океан, почуствувате ја оваа сцена. Или било која друга, ако на пример, се плашите од морска болест.
2. Оладете се
Можете да ја ставите својата омилена челичка или стаклена секс-играчка на 10 минути во фрижидерот и да добиете потполно нова сензација.
3. Не се бришете по туширањето
После туширањето немојте да земате пешкир. Одете во спалната соба со мокро тело и покажете му на партнерот што сѐ можете!
4. Одете низ куќата во секси долен веш
Да дури и додека извршувате некои куќни работи. Не ви ганарантираме дека партнерот ќе седи мирен додека е покрај вас.
5. Побарајте масажа
Не заборавајте да земете миризливо масло. Кога ќе се опуштите, можете да се измасирате и да си угодите себе си и на партнерот.
6. Прославете го својот ден на оргазмот
Овој празник е воспоставен во Велика Британија во 2001 година. Се слави по правило на 31-ви јули, но ако овој ден сте го пропуштиле, не грижете се. Одберете го својот ден на оргазмот – што е одлична прилика да поминете цел ден без да станете од креветот.
7. Пронајдете го патот во мракот
Заислете дека ноќе се наоѓате во шатор, на улица, имате само батериска лампа… и барте нови ерогени зони на телото на партнерот.
Текстот Седум предлози за незаборавен летен секс е превземен од Reporter.mk.