Популарната водителка Ирена Спировска скрши рака додека возеше велосипед на Маврово со својот партнер Душко Исајловски. За „Репортер“ таа откри дека планот им бил да свртат два круга околу езерото, да извозат околу 70 километри, и тоа да им биде подготовка за следната подолга дестинација – да поминат стотина километри по брегот на Охридското Езеро. Но, во еден момент, наместо да смени брзина, Ирена закочила и паднала од велосипедот.
„Не е првпат да возам околу Мавровско Езеро. Со Душко веќе го извозевме првиот круг, но додека го возевме вториот, по грешка закочив наместо да сменам брзина. Сега раката ми е во гипс, а штом ќе го извадам ќе мора да одам на физикална терапија. За среќа, немам други големи повреди, а модринките веќе ги снема“, ни раскажа Ирена.
На гипсот ѝ се потпиша нејзината ќерка Зорица, која ѝ порача: „Мамо, полека со брзините“. Порака на гипсот доби ѝ од нејзиното момче. Тој ѝ напиша дека ја сака до месечината.
Ирена не крие дека е голем зависник од адреналин. Таа често оди на планинарење и ги искачува највисоките планински врвови во земјава и во соседството, лета со параглајдер, оди на велосипедски тури и не крие дека ужива во авантурите во природа.
(А.Ј)
Текстот (Галерија) Ирена Спировска доживеа незгода на Маврово е превземен од Reporter.mk.