Honda развива иновативна воздушна перница (ВИДЕО)

Јапонскиот производител работи на нов вид воздушно перниче за да им овозможи на патниците подобра заштита во случај на преден судир

Новата воздушна перница на Honda е специјално дизајнирана за подобро да ги заштити патниците во случај на фронтален судир со друго возило или фиксна пречка под одреден агол во однос на надолжната оска на автомобилот.

Во споредба со класичните предни воздушни перници, оваа има и странични додатоци кои ја штитат главата на патникот од несакани секундарни движења лево-десно по првичниот контакт со перницата и спречуваат опасни повреди што може да се појават доколку главата се лизне од воздушното перниче. Во Honda, конструкцијата на оваа воздушна перница ја споредуваат со ракавицата на безбол играч со која тој го фаќа топчето.
Извор: Додај Гас

Текстот Honda развива иновативна воздушна перница (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.