Британскиот водител Пирс Морган, човек за кој многумина велат дека нема влакна на јазикот, упати куп навреди кон војвотката од Сасекс, Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари.
Пирс смета дека тие згрешиле затоа што за нивниот одмор потрошиле многу пари за да летаат со приватен авион, кога истото можеле да го направат и да поминат многу поефвитно ако користеле обичен комерцијален лет.
„Меган и Хари, вака изгледа комерцијален лет за Ница. Обидете се некогаш“, напишал Морган на својата фотографија од авион.
Сепак фановите на Меган и Хари брзо му вратиле, одговарајќи му дека тој не е веродостоен да зборува за трошењето и луксузот, откако и самиот тој изнајмил јахта за неговиот одмор.
Пирс изнајмил луксузна јахта Sunseeker Manhattan 70, за одморот кој планирал да му трае 10 дена. Водителот потрошил 200.000 евра за да плови со бродот.
„Мојот уред во наредните десет дена“, напишал водителот на социјалните мрежи.
Веќе со денови тој ги споделува фотографиите од одморот, уживајќи на јахта со семејството. Бележи што јаде, каде вози, кој му прави друштво. Приватниот авион со кој летаа Меган и Хари чинеше 20.000 евра.
Текстот „Вака изгледа лет за Ница“, британски водител ги критукува Меган и Хари е превземен од Reporter.mk.